Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Градоначалникот на општина Охрид распишува :

К  О  Н  К  У  Р  С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ  НА ОПШТИНСКА НАГРАДА  -
 ПАТРОН НА ГРАДОТ  „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 

             Во чест на празникот  „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2013 година, се распишува Конкурс за  доделување на општинска  награда - Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“.

Со наградата   се  оддава највисоко признание за животно  дело, односно долгогодишни остварувања и   врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината, што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.

            Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

            Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат  за какви остварувања  конкурираат.  Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

             Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.

Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

             Пријавите да се доставуваат на адреса: - oпштина Охрид ул. „ Димитар Влахов“ бр.57, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК (со назнака „ЗА КОНКУРС“).                                                                

ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалник,
Никола Бакрачески

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1259  пати
Објавено на: 01.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©