Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МИНИ ПЛОШТАД ДОБИ ОХРИДСКОТО СЕЛО ЉУБАНИШТА
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше во охридското село Љубаништа каде  локалната самоуправа и охридските јавни претпријатија го уредија просторот околу спомен обележјето на Паднатите борци со што мештаните добија мини плоштад, односно   уреден простор за одмор и дружење.

Во рамки на нашата востановена пракса за рамномерен развој на сите населени места во општина Охрид , градски и приградски средини како и села а  препознавајќи ги приоритетите на  мештаните  на Љубаниша и одговарајќи на нивните барања,   изминатиов период  го уредивме  простор околу спомен обележјето  на Паднатите борци во ова село.  Со тоа од една страна просторот доби уреден лик онака како што заслужиле оние за кои е подигнато спомен обележјето а од друга страна мештаните добија   свое катче, каде што ќе можат да се собираат и дружат.ЈП„Градски гробишта“ ги извршуваше градежните активности кои  вклучуваа целосно партерно уредување на површина од 220 метри квадратни. Просторот е поплочен со бехатон плочки. Поставени се 100   рабници . Исто така санирани се и оштетувањата на спомен обележјето на паднатите борци а санирани се и оштетувањата на стариот потпорен ѕид  во должина од 15 метри. ЈП “Водовод“ ќе се погрижи за ставање  во употреба на една фонтана  а ЈП „Охридски  комуналец“се погрижи за хортикултурното уредување. Има и шест клупи за седење. Претходно просторот беше осветлен со што ова село доби една уредна целина која сум уверен дека ќе биде атрактивна како за месното население така и за сите други кои ќе престојуваат во ова село- изјави градоначалникот Никола Бакрачески кој подвлече дека тука нема да застанат напорите на локалната самоуправа за уредување на ова село.

Во овој момент со претставниците на Месната заедница и со претставниците на јавните претпријатија разговаравме за проширување на реконструивните зафати  на ова место со евентуална доградба на уште една површина како  еден вид доградба на овој плоштад-  додаде градоначалникот Бакрачески.

 

Претседателот на МЗ Љубаништа, Георги Траески изрази благодарност до градоначалникот Бакрачески за реализација на овој проект со кој битно се подобрил изгледот на селото а мештаните добиле убаво  катче за одмор.

Селото Љубаништа е многу важно во овој регион пред се затоа што мештаните опстојуваат од развој на туризмот. Ваквите проекти за нас значат многу. Се надеваме на понатамошна соработка со градоначалникот Бакрачески  кој секогаш има разбирање и наоѓа време да ги сослуша нашите проблеми и да најде решение доколку истите се во негова надлежност- рече Траески.

 Мини плоштадот во Љубаништа  е  доказ дека  општина Охрид  работи и реализира проекти во сите урбани и месни заедници.

 Со поддршка на Агенцијата за рурален развој при Владата на Р. Македонија, општината  работи на три крупни проекти кои се особено значајни за жителите од руралните средини.  Во тек е асфалтирањето на  локален патен правец до с.Велестово(втор дел) во должина од 2 000 метри. Наредниов период  ќе започне асфалтирањето на  локален патен правец од с.Вапила до с.Ливоишта во должина од 1 900 метри и локален патен правец во населба Рача кај месност Кромидишта со вкупна должина од 900 метри.

Изминатиов период  Локалната самоуправа  асфалтираше  улици, градеше нови водоводни линии и канализациони мрежи во повеќе охридски села:Пештани , Лескоец, Косел,Велгошти, Лакочереј, Велестово , Елшани, Коњско. Изграден е  патот  Вапила- Сирула, патот од Горно до Долно Лакочереј. Ваквите проекти кои се значајни за охриѓани продолжуваат и наредниов период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1457  пати
Објавено на: 25.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©