Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„РИБАРЧИЊАТА“ И ОСНОВЦИТЕ ЈА ЗАГРЕАА ПРЕДНОВОГОДИШНАТА АТМОСФЕРА ВО ОХРИД
Untitled Document

Синоќа на градскиот плоштад “Св. Климент- Охридски“ започна неколкудневната   предновогодишна програма  која е во организација на  општина Охрид. 
Бројни охриѓани  ги  проследија настапите  на дел  од учесниците на   детскиот фестивал “Распеано рибарче “ и  на  учениците од основните училишта  “Григор Прличев “ и “Св. Наум Охридски “ од Пештани .


Вечерва, во рамки на новогодишната програма која започнува во 18 часот на градскиот плоштад ќе настапат учениците од основните училишта, “Ванчо Николески“ од село Лескоец и од “Братство – единство“.  До четврток во реализација на празничната  програма  се вклучени   учениците од сите основни и средни училишта во градов, а во наредните денови се предвидени настапи на културно уметнички друштва  и останати претставници од културниот живот на Охрид.


Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1333  пати
Објавено на: 23.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©