Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА Е-ПДД СИСТЕМОТ ЗА СТАНОИЗДАВАЧИТЕ
Untitled Document

Денеска во големата сала на Општина Охрид во соработка на Секторот
за туризам и ЛЕР и Управата за јавни приходи беше организиранa
презентација на техничките карактеристики на системот за електронско
пријавување на данок како и постапката за регистрација на Е-ПДД
системот и  начинот на изготвувањето на пресметката која е обврска на
физичките лица за секој остварен приход по основ на изнајмување на соби и апартмани.

Имено, со Законот за изменување и дополнување на
данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018
година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на
обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на
данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и
данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем
е-Персонален данок 

Согласно измените и дополнувањето на Законот за персонален данок на
доход, воведени се новини во постапката за пријавување и плаќање на
персоналкиот данок на доход за физичките и правните лица. Измените пред
се’ се однесуваат на воведувањето на електронската пресметка за приход
и данок, начинот на нејзиното изготвување и поднесување, како и
укинувањето на годишните и месечните извештаи кои се доставуваа до
Управата за Јавни Приходи. Примената на електронското пријавување и
плаќање на персоналниот данок на доход се врши со најава на системот
e-pdd.ujp.gov.mk. Доколку физичкото лице не е регистрирано на системот,
неопходно е истото да поднесе барање за регистрација до даночната
канцеларија на УЈП. Правните субјекти пак, потребно е да се регистрирани на системот е-Даноци со дигитален сертификат.

Податоците за видот и износот на приходите се внесуваат онлајн и по
извршената проверка за одобрување на пресметката, Управата за Јавни
Прихходи на електронска пошта на обврзникот/подносителот ќе му достави
рекапитулација за утврдување на аконтацијата на данок на доход, заедно
со спецификација за пресметаните износи и збирен налог за плаќање.

Имајќи во вид дека физичките и правни лица станоиздавачи од мал обем се
наши партнери во севкупниот развој на Охрид како врвна туристичка
дестинација, Општината Охрид и Секторот за ТЛЕР сметаат дека ваквите
информативно – едукативни средби се од интерес на сите засегнати
страни, а тоа е причина и во иднина да продолжиме со вакви и слични активности.

Прочитано:  489  пати
Објавено на: 06.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©