![](pictures/20_09_2018_GENERAL_1.jpg)
Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше протоколарна средба со Генерал- мајорот Стивен Креј, генерал- аѓутант на Националната гарда на државата Вермонт од Соединетите Американски држави и неговите соработници. На средбата, заеднички беше констатирано дека Република Македонија и САД имаат одлични пријателски односи, кои во иднина ќе се продлабочуваат, особено по влегувањето на нашата држава во НАТО.
![](pictures/20_09_2018_GENERAL_2.jpg)
Гостите од Националната гарда на Вермонт од САД изразија воодушевување од нивниот престој во Охрид и непроценливото културно и природно богатство кое е заштитено од УНЕСКО, а градоначалникот Јован Стојаноски ги запозна со стратегиите за заштита и одржлив локален економски развој.
![](pictures/20_09_2018_GENERAL_3.jpg)
|