Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБИ СО ЖИТЕЛИТЕ НА УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ „ГОРНА ВЛАШКА МААЛА“ И „ДАМЕ ГРУЕВ“
Untitled Document

Градоначалникот , Д-р Јован Стојаноски, претставници од секторите  за урбанизам и комунален развој и директорите од јавните претпријатија, „Охридски комуналец“ и „Водовод“, синоќа во ОУ „Христо Узунов“ имаа средба со жителите од УЗ „Горна влашка маала“.

На собирот се разговараше за проблеми од комуналната и урбана сфера, изградба и реконструкција на улици како и отворање на пристапни патишта. Жителите од оваа урбана заедница ја добија поддршката од градоначалникот Стојаноски за стопирање на постапката за поставување базна станица на мобилен оператор на приватен објект во непосредна близина на ОУ „Христо Узунов“.

Претходно во  големата сала на Општина Охрид, секретарот Игор Бежоски и надлежните служби имаа состанок со жителите од УЗ „Даме Груев“. Охриѓаните од овој дел на Охрид  побараа отворање на пристапни патишта, изградба на нови одводи, нивелирање на шахти , а даваа и свои предлози за решавање на останати проблеми од комуналната и урбана сфера.

Во рамки на предвидените  собири со граѓани,градоначалникот со надлежните служби денеска ќе имаат средби со жителите од УЗ „ Гоце Делчев“,со мештаните од МЗ Рамне и  УЗ„Радојца Новичиќ“ .

Прочитано:  1449  пати
Објавено на: 13.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©