Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВТОРО ЗАПРАШУВАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
Untitled Document

Локалната самоуправа, во четврток и петок ( 11 и 12 јули 2013 година) ќе го врши второто терестичко запрашување против комарци.

Запрашувањето ќе се одвива на следните локации: крајбрежие на потег од с. Подмоље до Горица, територија на град Охрид, потегот на река Грашница,Коселска Река, крајбрежие пред нас.Св.Стефан и крајбрежие од Автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум во периодот од 00 – 06 часот.

Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите на 11 и 12- ти јули ( четврток и петок ) 2013 година, да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 08.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©