Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПРЕЗЕНТИРАА ЈАПОНСКИ ИСКУСТВА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ
Untitled Document

Јапонски искуства ќе се користат  во унапредувањето на македонскиот туризам, беше заклучено по денешната презентација  што се одржа во општинската зграда, во организација на Општина Охрид, Македонско Јапонската Алумни Асоцијација и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Целта на денешнава презентација беше да се пренесат знаењата и искуствата стекнати во Јапонија на две  теми :едната е развој на еко туризмот, односно какви се искуствата од Јапонија за развој на овој вид туризам кај нас  и нормално што од тоа би можело да се искористи  во државава. Другата тема е како да се привлечат јапонските туристи  затоа што и Јапонците сакаат да најдат начини странските дестинации да ги направат атрактивни за нивните туристи, бидејќи се соочуваат со еден проблем, младите Јапонци  го губат интересот за патување затоа што преку користење на интернет  им е достапно се. Значи мора да откриеме што е интересно  кај нас ,како би се привлекле јапонските туристи во Македонија. Тука се  поставува прашањето: Што нашиот  туристички  сектор би требало да направи за понудените  локации и услуги да бидат привлечни за Јапонците?  , истакна    претседателката  на Македонско- Јапонската Алумни Асоцијација, Фросина Гечева- Кочова.

Јапонските искуства пред туристичките работници од Охрид ги презентираа: Катерина Петровска и Огнен Темелковски  од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1272  пати
Објавено на: 29.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©