![](pictures/28_05_2018_PATEKA_SVETLINA_01.jpg)
Околу 1 500 ученици од сите основни и средни училишта во градов се вклучија во одбележувањето на 1 000 годишнината од формирањето на Охридската Архиепископија. Во соодветна облека со логото на свеченостите тие претпладнево продефилираа од стариот охридски чинар низ чаршијата до катедралната црква Св. Софија. Проектот е насловен како „Патека на светлината“.
![](pictures/28_05_2018_PATEKA_SVETLINA_05.jpg)
Настанот предизвика воодушевување кај бројни охриѓани и посетители од земјава и странство.
Чествувањата на јубилејот продолжија денес со црковни свечености.
![](pictures/28_05_2018_PATEKA_SVETLINA_03.jpg)
![](pictures/28_05_2018_PATEKA_SVETLINA_04.jpg)
|