Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД БЕЗ БАРИЕРИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Untitled Document

Општина Охрид, со грант од Амбасадата на Австралија од Белград во Дневниот центар „ Зраци“ го реализира проектот „ Охрид без бариери за лицата со попреченост“ . Проектот во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулијана Фини , денеска во големата сала на општина Охрид, беше промовиран со одржување на јавна трибина посветена на грижата за лицата со попреченост во развојот.


-Проектната апликација  „ Охрид без бариери за лица со попреченост“ за грант во австралиската амбасада го изработи Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.  Апликацијата беше одобрена во првата половина од месец март од страна на посебниот фонд  на амбасадата наречен   DAP (Direct Aid Program- Програма за директна помош). 
 


Активностите од проектот се одвиваат во Дневниот центар „ Зраци“  каде основната цел е социјални инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни  активности и едукација преку индивидуална и групна работа.


Со проектот се обезбедува дневна грижа, бесплатна социјална услуга и професионална нега на лицата со попреченост.Тука е и зголемувањето на јавната свест за потребите на лицата со попреченост преку организирање јавни дискусии. За реализирање на целите  ангажирани се две лица, дефектолог и социјален работник. Претходно, преку проект општина Охрид доби финансиски средства од австралиската амбасада во износ од 7.200 австралиски долари наменет за Дневниот центар „ Зраци“ за згрижување на лица со посебни потреби. На два наврати, со поддршка на УНДП , за период од по шест месеци, преку вакви проекти актуелната локална власт работно ангажира  пет стручни лица во овој дневен центар - рече на трибината градоначалникот Никола Бакрачески.


Амбасадорката на Австралија во Белград, која ги врши и дипломатските работи за Република Македонија, рече дека и претставува задоволство што од фондот на амбасадата поддржале ваков проект и дека ќе продолжат со таквата практика.

„ Ние во Австралија обрнуваме посебно внимание за заштита и почитување на правата на граѓаните со попреченост во развојот и малцинските групи, па затоа не случајно сме на третото место во светот по почитувањето на човековите права и практикувањето на демократијата.Се разбира дека тоа е долготраен процес во кој мора да се изгради јавната свест, а државата да обезбеди законска рамка која ќе обезбеди соодветна заштита на ранливите категории граѓани. Кон ова прашање мора да се има долгорочен пристап со што би се обезбедило помош на семејствата со лица со попреченост и во соработка со работодавачите, за дел од нив да обезбеди вработување“ - рече австралиската амбасадорка Џулија Фини.


На јавната трибина, дефектолозите Зоран Костадиновски  од дневниот центар „ Зраци“ и Весна Кајмакоска од ОУ „ Свети Климент Охридски“ , ја објаснаа работата на лицата со посебни потреби во нивните средини, сугерирајќи дека има уште многу место за унапредување на овие процеси.


Локалната самоуправа,како што потенцира градоначалникот Никола Бакрачески,  во рамките на своите можности, особено во последниве повеќе од две години, финансиски и логистички ги поддржува сите здруженија на лицата со пречки во развојот и заедно со државните институции се правеа видливи  напори за се поголема инклузија во општеството на лицата со пречки во развојот.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 13.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©