Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЗТ СКОПЈЕ ПОБЕДНИК НА „ХУАВЕЈ“ СУПЕР КУПОТ
Untitled Document

Во финалниот натпревар од „Хуавеј“ супер купот во кошарка, кој викендов се одигра во СРЦ „Билјанини извори“, МЗТ Скопје со 81-61 го совлада градскиот ривал Работнички.  Пехарот на победниците им го врачи градоначалникот Бакрачески кој воедно им честита на двете екипи за одличната игра која ја пружија во финалето.  За најкорисен кошаркар беше прогласен Дарко Мираковски од Работнички, а Ѓорѓе Дреновац од МЗТ Скопје за најдобар стрелец на турнирот.

По завршувањето на натпреварот, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Петар Наумоски, на еден од творците на македонската кошарка легендата Лазар Лечиќ му врачи слика со врамен дрес од македонската репрезентација. Организаторите обезбедија и вредни награди за публиката.

„Хуавеј“ супер купот се играше викендов во арената „Билјанини извори“ а во него учествуваа четирите најдобри екипи во кошарка од Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1329  пати
Објавено на: 27.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©