Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВААТ ПРАЗНУВАЊАТА ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ -ВОДИЦИ
Untitled Document

Со концерт  на културно уметничките друштва “Гердан“,“Илинден“, “Охриѓанка“, “Плетенка“, “Филиграни“ и “Отекс“, вечерва во Центарот за култура “Григор Прличев“     започнува официјалната празнична програма што по повод големиот христијански празник  Богојавление – Водици  ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква “Богојавление“.

  Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на  пунктовите од  Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот за култура да донираат одредени  парични средства  кои  ќе биде наменет за добротворни цели.  

Во рамки на богојавленските празнувања , утре точно напладне во црквата св. Никола Геракомија  е предавањето на кумството , а вечерта во 20. часот на плоштадот “Св. Климент Охридски“ концерт ќе одржи Каролина Гочева.

Празнувањата за Богојавление – Водици завршуваат продолжуваат и наредните три дена.      

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 16.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©