Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД И ЦРВЕН КРСТ-ОХРИД ЈА РЕАЛИЗИРАА КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА "ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ
Untitled Document

Под мотото "Охрид спасува животи", а по повод Светскиот ден на Првата помош, општина Охрид и Црвениот Крст од Охрид на градскиот плоштад "Св.Климент Охридски" организираа крводарителска акција.

Голем број крводарители од Охрид уште еднаш ја искажаа својата хуманост и спремност да ја даруваат својата крв за да им помогнат на оние на кои им е неопходна. Акцијата беше поздравена од Градоначалникот Никола Бакрачески, кој лично им се заблагодари на крводарителите за нивниот хуман геста, а Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и директорот на Ј.П "Градски гробишта", Зоран Симоновски, беа дел од  граѓаните кои конкретно ја поддржаа оваа акција и даруваа крв.

Општина Охрид и Црвениот Крст од Охрид, од месец април до денес, реализираа повеќе заеднички акции за поддршка на граѓаните, посебно на оние од ранливите категории. Одличната досегашна соработка, во иднина ќе се интензивира со реализација на повеќе социјални програми.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 14.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©