Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПЕХАРОТ ЗА ХУМАНОСТ ЗАСЛУЖЕНО ВО РАЦЕТЕ НА ОХРИДКИОТ ЦРВЕН КРСТ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во големата сала во  општина Охрид  присуствуваше на свечениот чин на  доделување на највисокото признание -  пехар,  што за “Промоција на хуманите вредности“ на државно ниво ја доби Црвен Крст од Охрид.


-Добивањето на ова највисоко признание за „Промоција на хуманите вредности“, покрај  тимот на Црвен крст, треба да не мотивира и нас и целокупната локална заедница да се приклучиме кон акциите за помош на ранливите групи граѓани.Само преку такви активности се промовира хуманоста, се гради взаемно разбирање и почитување, толеранција и култура на дијалог, како основа за градење современо мултикултурно општество.Локалната самоуправа цврсто е определена да ги поддржува ваквите проекти и да се радува на нивната реализација, зошто знаеме колку е вредно да се инвестира во ентузијазмот на младите.Тие несебично одделуваат голем дел од своето слободно време и го посветуваат на добробитта на заедница.Промовирањето на хуманите вредности што посветено го реализираат младите и волонтерска структура на Црвен крст од Охрид, не мотивираат и нас. Ги поддржуваме и учествуваме во речиси сите нивни активности и заеднички сме реализирале многу акции во кои сме им помагале, пред се на ранливите групи на наши сограѓани, истакна  во своето обраќање  градоначалникот Бакрачески.


 Претседателот на Црвен Крст од Охрид  Сашо Точко се заблагодари на сите кои се дел од   ПХВ тимот од Охрид ,  на нивната пожртвуваност и  посветеност на   ПХВ програмата,  на она што го направија со конкретна помош, односно   подаваа рака на  најранливата   категорија луѓе .


-          Нивната младост жар и енергија вклопени со чувството на  хуманост кое ги води, го осмислува нивниот живот да биде насочен кон помош на оние на кои таа им е најпотребна. Таквите луѓе навистина треба да се наградуваат и таквите луѓе треба да се охрабруваат и да бидат пример за сите млади луѓе.  Горд сум што овде, во оваа општина во овој град имаме такви  хумани луѓе  и што тие и понатака ќе бидат водилка и ќе бидат темел на оваа заедница. За жал оние кои страдаат, луѓето кои имаат потреба од помош се уште се во голем број. Затоа сите ние да не заборавиме да бидеме хумани и солидарни и понатака. Да бидеме луѓе кои што по хуманоста и солидарноста ќе се препознаваат. Животот ни го возвраќа само она што ние им го даваме на другите, рече Точко


“Дом“, “Виделина“ и “Топлина“ се трите проекти кои го доведоа пехарот односно највисокото признание за “Промоција на хуманите вредности “ во Охрид . Првиот односно проектот “Дом“ се однесува на помош на петчлено семејство од Охрид кое  се наоѓа во тешка материјална состојба, без соодветно живеалиште храна и облека. Вториот проект “Виделина“ се однесува на обезбедувањето на  диоптриски  очила за девојче од Лескоец а со третиот проект “Топлина“ младинците вклучени во ПХВ проектот си поставиле за цел да го заменат подот во дневниот центар за лица со посебни потреби “Добротољубие“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1303  пати
Објавено на: 26.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©