Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ЈП “БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ И ЈОУДГ “ЈАСНА РИСТЕСКА“
Untitled Document

В.Д. Директорот на Ј.П. Билјанини Извори - Охрид Иванчо Цветкоски и В.Д. Директорката на ЈОУДГ Јасна Ристеска, Роза Костеска, потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка.
Целта на овој договор е негување на физичката кондиција и развивање на социјалните интеракциски вештини кај децата.
Ј.П. Билјанини Извори - Охрид ги отвори вратите за најмладите со цел истите да се запознаат со спортската инфраструктура, како и реквизитите кои ги поседува Спортско Рекреативниот Центар.
За таа цел ќе се организираат часови со кои децата ќе имаат можност на непосреден начин да се запознаат со спецификациите на колективните и поединечните спортови, исто така за време на летниот период ќе можат да го користат и малиот базен.                        

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1244  пати
Објавено на: 07.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©