Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПОЧЕСЕН ГОСТИН ГОВОРНИК НА ОТВОРАЊЕТО НА ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ ВО РАМКИТЕ НА ИНВЕСТИЦИСКИОТ САМИТ ЗА МАКЕДОНИЈА 2013
Untitled Document

На покана на организаторите на вториот Глобален Инвестициски Самит,   кој  се одржува од 8 до 10 октомври во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески вечерва, во 19:30 ч. ќе биде почесен говорник на отворањето на Класичниот хуманитарен концерт кој ќе се одржи во црквата Св. Софија.
Овој концерт е дел од свечените активности во рамки на Самитот, каде сите учесници ќе бидат запознаени со културното наследство на Македонија.
На овој хуманитарен концерт ќе настапат деца од музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид.
Минатогодишниот инвестициски самит забележа голем успех за зголемување на видливоста на Македонија како дестинација за странски инвестиции. Настанот беше домаќин на повеќе од 350 домашни и странски бизнисмени о високи претставници, кои развија цврста платформа за понатамошна бизнис соработка.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 10.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©