Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗЕМЈЕНО ЗАПРАШУВАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ И НОЌНИ ПЕПЕРУТКИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Локалната самоуправа во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје  во четврток , петок, сабота и недела (9, 10,  11 и 12  јули 2015 година)  ќе   врши  терестичко запрашување против комарци, ноќни пеперутки и други инсекти.

Запрашувањето ќе се одвива на следните локации: крајбрежие на потег од с. Подмоље до Горица, територија на град Охрид, приградските населби, потегот на река Грашница,Коселска Река, с. Велгошти,  крајбрежие пред нас.Св.Стефан и крајбрежие од Автокамп Љубаништа до комплекс  Св.Наум во периодот од 21 – 06 часот.

Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите  на 9, 10,11 и 12- ти јули ( четврток , петок, сабота и недела ) 2015 година,  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1449  пати
Објавено на: 08.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©