Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БОГАТА ЗАБАВНА ПРОГРАМА ЗА ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД
Untitled Document

-За  дочекот на Новата 2015 година  на градскиот плоштад Свети Климент Охридски, Локалната самоуправа организира богата забавна програма. Во новогодишната програма која ќе започне на 31 декември во 21 часот, домашните и странските туристи како и охриѓани ќе ги забавуваат Владо Јанес ки, Петар Нечески и  гупата „Камелеон“- најави денеска раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.

Тој додаде дека со настапот на овие естрадни уметници ќе се привлече вниманието на охриѓани и туристите највеселата ноќ да ја поминат на градскиот плоштад.
Точно на полноќ ќе има голем огномет со кој ќе се надополни празничниот амбиент на прекрасно украсениот Охрид  и   ќе се означи почетокот на Новата 2015 година.

Предновогодишните празнувања, како што рече Апостолов ќе започнат на 22 декември со секојдневни настапи на ученици од охридските основни и средни училишта, детската градинка „ Јасна Ристеска“, голем број културно-уметнички друштва, оркестри и ансамбли, балетски и танцови студија и рок групи.Настапите ќе се одвиваат во времето  од 18 до 20 часот во работните денови, а од 12 до 16 часот за време на викендите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1342  пати
Објавено на: 17.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©