Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ТРАГЕДИИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод трагедијата во која вчера, во новогодишната ноќ,животот го изгуби дваесет и шест годишен охриѓанец, јавно, а потоа и лично на семејството на починатиот, изрази длабоко сочуство за изгубениот млад живот.Бакрачески со загриженост порача дека нечовечки е да се злоупотребуваат трагедиите за политички цели и апелира до граѓаните за воздржаност , почит кон починатиот и верба дека инситуциите на системот, врз основа на законските прописи, ќе ги казнат сторителите на овој грозоморен чин.

-По повод оваа голема трагедија која го снајде пред се семејтвото, но и градот Охрид, апелирам до сите чинители , посебно до оние кои се активни на социјалните мрежи , да се воздржат од злоупотреби на оваа трагедија во политички цели и да се остави семејството и најблиските роднини и пријатели кои преживуваат трагедија и ненадминлива болка за загубата, во мир да тагуваат. Би аплеирал до сите кои можат да придонесат во информирањето на јавнсота  да не избрзуваат со коментари. Нашата традиција вели дека треба да се сочувствува со болката на семејството , а не да се стимулираат коментари кои вадат други конткести кои имаат цел да се креира друга конотација, да се вадат политички поени и да се извртуваат нештата- рече градоначалникот Бакрачески.

Преземени  и завршени се истражните постапки и уверен сум дека сторителите на ова свирепо убиство ќе бидат казнети. „Информиран сум дека, од страна на СВР со кого сме во постојана комуникација, се превземаат сите потребни мерки да се подобри безбендноста  на јавните места, локалите и сообраќајниците. Уште вчера со началникот на СВР Охрид се договоривме да одржиме координативен состанок за сите мекри кои и во иднина ќе се превземат за да се подобри безбдностната состојба„-рече градоначалникот Бакрачески.Тој додаде дека продолжува востановената пракса од  пред 2,5 години  во континуитет да се одржуваат редовни состаноци кои имаат за цел да се подобри безбедностната ситуација, да се отстранат одредени слабости ако ги има, за де се унапредува безбедносната состојба воОхрид, најголемиот туристистички центар во Република Македонија .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 02.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©