Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПУПИНОВ МЕДАЛ ЗА ПРОФЕСОР ПАВЛЕ МИТРЕСКИ
Untitled Document

Денес на пригодна свеченост на професор д-р Павле Митрески му беше врачен “Пупинов медал“ за неговото творештво посветено на големиот светски научник Михајло Идворски Пупин. Одликувањето го доделува фондацијата “Младен Селак“ од Белград, Република Србија, продолжувач на Пупиновиот фонд формиран во првите децении на 20 век. Во трите свои дела посветени на големиот светски научник, професор Митрески со автентични историски  и библиографски податоци, ги докажува македонските корени на семејството Пупин, кои водат до Москополе, денешна Република Албанија


- Она што е највпечатливо во приодот на оваа тематика кај професорот Митрески, е што тој воопшто не се труди да го помакедончи Пупин, туку да ја покаже неговата заинтересираност и општествена ангажираност за Македонија, перманентно низ целиот негов живот. Она што е универзална и заедничка вредност и за Србија и за Македонија, е фактот што Михајло Пупин во целиот свој живот се залагал за добробит на поширокиот Балкански регион – истакна заменик градоначалникот Ангел Јанев во своето обраќање.


Претседателот на фондацијата “Младен Селак“ Милан Божич, истакна дека професорот Митрески е еден од ретките научници кои се одликувани со ова признание, што само ја покажува големината и значењето на неговото творештво во расветлувањето на животот и општествената ангажираност на Михајло Пупин.


- Се чувствувам почестено и среќно што денес сум овде со вас и што можам да ја споделам мојата радост со моите сограѓани. Кога го започнував истражувањето знаев дека на многумина можеби нема да им се допадне она што ќе го откријам за потеклото на предците на Пупин, но ме водеше идејата дека големината на Пупин како граѓанин на светот не може да биде оспорена од потеклото на неговите предци. Интересот на Пупин за Македонија на Париската мировна конференција и неговото несомнено залагање за автономија на Македонија, нераскинливите врски со нашиот Охрид, ги потврдуваат моите научни истражувања. Притоа никако не сакам да го помакедончам Пупин, туку едноставно да покажам дека од нашите краишта произлегле луѓе кои го задолжиле целото човештво – рече во своето емотивно обраќање професорот Митрески.


Пупиновиот медал, е востановен со одлука на Американската влада во 1958 година.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 24.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©