Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕДИНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА ВО ЗНАКОТ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ
Untitled Document

Како што и се очекуваше денешната 11 Седница на Советот на Општина Охрид, помина во знакот на Предлог – Одлуките за новото зонско паркирање. Советниците од опозицијата во своите дискусии за залагаа за начинот на наплата преку СМС пораки, но бараа одлуките да бидат повлечени, со образложение за подобра анализа на состојбата и измени или иземање на одредени улици на кои ќе се наплаќа паркирањето.

Гласањето помина со прифаќање на одлуките од страна на мнозинството, а веднаш потоа опозицијата ја напушти седницата. Другите точки на дневниот ред од инфраструктурната сфера, туризмот и социјалната сфера, без дискусии беа едногласно прифатени од советниците.

Прочитано:  561  пати
Објавено на: 14.06.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©