Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОЕКТ „АКТИВИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“
Untitled Document

Општина Охрид  спроведува активности од проектот „Активирање на граѓаните за грижа за животната средина“ (АКТ) финансиран од Регионалниот Центар за животна Средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) како потпроект во рамките на проектот „КРЕСИДА“.

Денес во основното училиште Братство-Единство се одржаа две едукативни работилници на тема: Како да го намалиме нашиот еколошки отпечаток.

Работилницте беа наменети за ученици од 5-тите одделенија и преку интерактивна работа беа запознаени како да го подобрат совето еколошко поведение. Потоа беше организирана посета во природа во националниот парк Галичица, на критични точки каде има депонирано цврст отпад. Целта на посетата беше  развивање на свеста кај учениците за чиста и здрава животна средина, а  учениците се обврзаадека ќе изработат постери со еколошки пораки кои ќе бидат упатени до граѓаните и надлежните служби.

Прочитано:  1466  пати
Објавено на: 04.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©