Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА „СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2015“
Untitled Document

Денес во Скопје на Скопски саем по 5-ти пат се отвори „Меѓународната туристичка манифестација, „Скопје травел маркет 2015“ чиј домаќин е општина Охрид.
Саемот се одржува на површина од преку 3 500 м2, а охридските штандови заземаат централно место. Учествуваат  преку 100 хотелско – угостителски компании, туристички агенции, тур оператори од Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.


Воведно обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески кој пред присутните истакна:


-    Да се сака нешто вистински не значи само да се ужива во него, напротив значи за истото исконски да се бориш, секојдневно да го дишеш, да го живееш, да сакаш да биде вечно. Така го сакаме Охрид, така посакувам да го сакате и Вие што ја пакувате приказната за Охрид, зошто само така пренесената порака до гостите остава трајни спомени и создава успешни приказни. Драги учесници и посетители на овогодинешниот “Скопје Травел Маркет“. Охрид како град домаќин во соработка со кластерот ЕДЕН, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Стопанската комора за туризам, ќе ги промовира пакет аранжманите за Рурална и староградска традиција од проектот “Истражија скриената традиција на Лихнид и белото езеро“, а наскоро ќе бидат изготвени уште 3 пакет аранжмани од спортско – рекреативниот и активен туризам. Целиот проект ќе биде финализиран со видео материјал кој ќе биде промовиран во земјава и во странство. Еден мој драг пријател често знае да каже дека на Охрид не му треба ништо друго освен добра промоција. Ние како локална самоуправа нашите заложби меѓу другите бројни активности за континуирано збогатување на содржините во туристичката понуда на Охрид, ги фокусираме на развој на туризмот како наша долгорочна стратегија бидејќи сме свесни дека Охрид му припаѓа на светот. Затоа што Охрид не е само дестинација, град или езеро туку најголема ризница на вредности каде над седум илјади години сите цивилизации оставиле трагови кои до ден денес се видливи и заштитени како светска реткост. Токму затоа уште еднаш ве повикувам на заедничка соработка и прстап кон понудата на Охрид, зошто само така нашиот древен бисер ќе го достигне туристичкиот континуитет кој го заслужува, истакна во своето обраќање Бакрачески.


По  обраќањето, градоначалникот Бакрачески  на директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Кристијан Џамбазоски му го врачи првиот промотивен ваучер за тура за рурална  традиција.  Веднаш потоа   господинот Џамбазоски  и официјално ја отвори манифестацијата.


На простор од 60 м2 како што беше најавено , охридскиот штанд  е претставен со карактеристична  охридска, рурална и градска одаја а застапени се и дел од старите занаети, традиционална охридска кујна како и интересен фото материјал „Охрид низ минатото“.
За време на одржувањето на саемот, градоначалникот Бакрачески имаше официјална средба со израелскиот амбасадор Дан Оријан, како и со повеќе претставници од туристичкиот и бизнис сектор.


Интересно е што анимацијата на охридскиот штанд е со музичарите од групата „Билјана Јуниор“, а беа поставени и препознатливите охридски  јадења, ѓомлезе и плашица.
Саемот за туризам чиј домаќин е Охрид ќе трае три дена  и  се очекува истиот да привлече поголем број гости за главната туристичка сезона во Охрид

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 07.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©