Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАРИТЕ ДРВОРЕДИ СЕ ЗАМЕНУВААТ СО НОВИ
Untitled Document

Денес Јавното  Претпријатие ”Охридски Комуналец”  ја започна акцијата за   реконструкција на дрворедот по ул.„Партзанска„. Со оваа акција досегашните стари дрвја чии корења ги оштетуваа тротоарите и беа потенцијална опасност за пешаците и нормалното одвивање  на сообраќајот  ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм.
Искуството со дрворедот по ул.„Димитар Влахов„ покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аеро загадувања и заболувања и немаат длобок корен.


 Акцијата за уредување на дрворедот на улица “Партизанска“ продолжува и во наредниве три дена.  Поради тоа  од ЈП “Комуналец“  апелираат  до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул „Партизанска„ во времетраење од 06.00час-12.00час по следната динамика:
 
* вторник -20.05.2014 год. : потег Факултет „Св.Апостoл Павле„-Полигон;
* среда -21.05.2014 год. : потег Полигон- Католичка црква;
* четврток -22.05.2014 год. : потег Католичка црква-Комерцијална банка.
Доколку заради објективни причини настане промена во динамиката на замената на дрворедот граѓаните ќе бидат благовремено известени.
 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1301  пати
Објавено на: 19.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©