Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БЕСПЛАТНИ КУСЕВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК ВО ОУ „ ХРИСТО УЗУНОВ“
Untitled Document

Во Основното училиште „ Христо Узунов“ , во соработка со почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид, ќе се организираат курсеви за бесплатно изучување на рускиот јазик. За курсот наместо триесет се пријавиле шеесет заинтересирани, па затоа наставата ќе биде поделена во групи.

На свечениот почеток на курсот, кој се организира во рамките на одбележувањето на 7. Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, присуствуваа почесниот конзул на Руската федерација Велимир Стојкоски и градоначалникот Јован Стојаноски. Заеднички беше констатирано, дека со организирањето на бесплатниот курс за изучување на рускиот јазик се продлабочува соработката меѓу Охрид и Република Македонија со Руската федерација.

Прочитано:  1383  пати
Објавено на: 07.11.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©