Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕДНОВОГОДИШЕН ДЕТСКИ ХЕПЕНИНГ ВО СПОРТСКАТА САЛА „ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

Под покровителство на Општина Охрид, а во организација на ЈП „ Билјанини извори“ , синоќа во спортската сала се одржа голема предновогодишна забава.
На хепенингот, во присуство на стотици деца и родители , настапија ѕвездите од фестивалот „ Распеано рибарче“, балетското студио „ Визави“, ансамлот „ Билјана- јуниор“ и дечињата од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ .

- Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ оваа година со свои содржини се приклучува кон богатата новогодишна програма која ја организира Општина Охрид. Ние како претпријатие секогаш ќе им излегуваме во пресрет на децата за сите манифестации, независно од каков каракетер се тие. На сите граѓани на Охрид и Република Македонија им ги честитам Новогодишните и Божиќните празници и им посакувам многу здравје и среќа во новата 2014- та  година. - рече директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.

За изненадување на многуте присутни дечиња се погрижи Дедо Мраз, кој им подели подароци на сите посетители на музичкиот хепенинг.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1366  пати
Објавено на: 26.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©