Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНКУРС ЗА НАЈУБАВО УКРАСЕН НОВОГОДИШЕН ДВОР ИЛИ БАЛКОН ЗА 2017 ГОДИНА
Untitled Document

Општина Охрид за  Новата 2017 година објавува  Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 29. 12.2016 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди;

Прва - 6000денари
Втора - 4000денари
Трета - 2000денари

Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:
При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.


 

П Р И Ј А В А
за Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон во општина Охрид за Новата 2017 година

1.Име и презиме
2.Улица и број
3.Место
4.Контакт телефон

Охрид,

Подносител,

----------------- 2016   
---------------------

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1363  пати
Објавено на: 14.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©