Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СО ОХРИДСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ
Untitled Document

Денес градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со претставници на Здруженито на пензионерите на Охрид и Дебрца. На средбата градоначалникот беше информиран за посетата на охридските пензионери на Љубљана, Словенија, по повод 1 октомври, Денот на европските пензионери.

Со настапот на КУД “Далги“ – кое функционира во рамките на здружението- во Цанкарјевиот дом, охридските пензионери ги освоиле нескриените симпатии на публиката и достојно го презентирале македонскиот  фолклор и култура.

Градоначалникот го изрази задоволството од успешното претставување на нашата земја и Охрид на оваа меѓународна средба и истакна дека и во иднина локалната самоуправа силно ќе ги поддржува активностите на пензионерите.

Прочитано:  376  пати
Објавено на: 10.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©