Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
70 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ОХРИД
Untitled Document

Општина Охрид, утре, со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Градскиот парк и пригодна свеченост ќе го одбележи 7-ми Ноември – Ден на ослободувањето на Охрид. Програмата за одбележување на седумдесет годишнината од ослободувањето на Охрид е следна:


07.11.2014 ( петок)


12.00 часот


- Полагање на цвеќе пред спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе(основен суд) , пред споменикот на Мите Богоески(  двор на СОСУ Св.Кирил и Методиј), споменик на Јасна Ристеска(с. Рамне),  спомениците на паднатите борци (градски гробишта)


12.00 часот


-Промоција на прирачникот  “Ѕвони ѕвонче  за бонтон” во рамките на проектот “Бонтон”-однесувај се убаво и пристојно во објектот “Централна”при  ЈОУДГ “Јасна Ристеска”


12.30 часот


- Полагање свежо цвеќе   и историски час  по повод 70 годишнината од ослободувањето на Охрид во Спомен паркот на револуцијата

 
13.00 часот


-Изложба во холот  на општина Охрид (пред големата  сала) со слики  од учениците од основните училишта во општина Охрид


13.30 часот    (голема сала на општина Охрид)


Свечена програма по повод 70 годишнината од ослободувањето на Охрид:


-Обраќање на претседателот на Советот на општина Охрид, г-ѓа Гордана Коњановска 
-Културно-уметничка програма


17.00 часот 


- Патронен празник на ЈОУГД  “Јасна Ристеска” во СЦ “Билјанини   Извори”
 


 
Општина Охрид ги поканува сите граѓани на свеченото одбележување по повод 70 години од ослободување на Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1308  пати
Објавено на: 06.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©