Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
О Г Л А С БР. 01/2013 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

Врз основа на Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во Општина Охрид за 2013 година, донесена од страна на Советот на Општина Охрид, Општина Охрид објавува :

О Г Л А С БР. 01/2013
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

1.Општина Охрид издава простор за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.

2.Површините за поставување на урбаната опрема се однесува за следната намена:

2.1 Површини за продажба на сладолед;

2.2 Површини за продажба на книги;

2.3 Површини за продажба на уметнички дела;

2.4 Површини за продажба на сувенири;

2.5 Површини за поставување на детски забавни игри на отворено;

2.6 Површини за продажба на народни ракотворби;

Увид за местоположбата на површините, согласно графичкиот прилог на програмата за поставување на урбана опрема според намената утврдена во точка 2, може да се изврши од 23.05.2013 до 29.05.2013 година во период од 12 -15 часот во просториите на Општина Охрид.

3. Договорите со најповолните понудувачи за точка 2.1, 2.2, 2.3, 2.4, 2.5, 2.6 ќе се склучуваат за времетраење од 90 денови од 15 јуни до 15 септември.

4. Поставувањето на урбаната опрема на површините наменети за дејноста, ќе се постави по склучувањето на Договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и заштита на животна средина.

5. Доставување на понуда

5.1 Понуда може да достават сите физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2.

5.2 Кон понудата понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност, издаден од Централен регистар на РМ или соодветен документ - доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци).

5.3 Понудата треба да биде доставена на унифициран образец кој може да се подигне во Општина Охрид.

5.4 Понудата треба да биде доставена во затворен коверт со назнака ,,До Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр.57 - 6000 Охрид за оглас бр. 01/2013 (поставување на урбана опрема), со задолжителна назнака ,,Не отворај’’. Покрај понудата во пликот треба да биде доставена и фотокопија од образецот утврден во точка 5.2 односно ДРД образец.

5.5 Понудите да се достават најкасно до 31.05.2013 година до 16 часот преку пошта ,лично во архива или пред отворањето со лично предавање до Комисијата. Понудите пристигнати после наведениот рок нема да се разгледуваат.

5.6 Јавното наддавање ќе се одржи на 04.06.2013 година со почеток во 12 часот во просториите на Општина Охрид.

6.Целокупниот текст на огласот и одредени објаснувања може да се преземе од официјалната страна на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk).

КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 22.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©