Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД СЕ РЕАЛИЗИРААТ БРОЈНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА ЗА КОМУНАЛЕН РАЗВОЈ
Untitled Document

Општина Охрид заедно со јавните претпријатија, периодов  работи на голем  број инфра  структурни зафати низ целата територија  на Охрид.
Во овој момент покрај изградба на современ плоштад во населбата  Рача, и најсовремениот терен  во државава за фудбал на вештачка трева ,при крај се и активностите за  изградба на канализациона мрежа на  улицата “1-ва Македонска ударна бригада“. Се работи буквално на сите места во градов ,на разубавување на јавните површини, на уредување на пешачките патеки и тротоарите .


-          Пред неколку денови завршија активностите за изградба на мост на река Дљан. Досегашниот мост  беше  сериозен  проблем како по   безбедноста на пешаците така и за  велосипедистите. Во изминативе години на досега небезбедниот мост  дури имавме неколку незгоди . Во овој момент можам да кажам дека завршија сите активности, изграден е добро ограден  мост и уредна  е пешачката  патека и тротоарот  покрај реката Дљан. Претходно се работеше на улица “Мите Богоески“која по долги години доби нов уреден тротоар на двете страни од патот.  Се работеше и во населбата Св. Стефан, покрај Заводот за кардиоваскуларни заболувања. Работевме на многу други места секаде каде што долго време не биле уредени пешачките патеки или не биле изградени тротоари се градат и се уредуваат,  рече градоначалникот на Охрид  Никола  Бакрачески посочувајќи дека најголем дел од  зафатите ги реализираат јавните претпријатија  што е  дел од  стратегијата на општина Охрид , односно  за сите  зафати за кои јавните претпријатија се капацитетни  во  однос на луѓе и во опрема   се ангажираат тие  со цел да остваруваат  одредени приходи и на тој начин  да планираат некој  свој развој.           


Периодов покрај реализацијата на  низа инфра-  структурни  зафати,  претпоставени од  општинските сектори и јавните претпријатија , предводени од градоначалникот Никола Бакрачески   обавуваат  и средби со граѓаните  од  месните и  урбаните заедници  со цел да се утврдат проблемите со кои  жителите се соочуваат како и потребите од нови проекти кои би им го подобриле животот а  за кои општината би создала услови за реализација.
 


-          Започнавме и посета на селата во Охрид кои што во рамките на овие 3-4 недели имаме намера да ги завршиме по што веднаш ќе се насочиме  кон средба  со  граѓани во Урбаните заедници во централното градско подрачје. На тие средби се разговара директно со луѓето за проблемите со кои тие се соочуваат . На ваквите средби   добиваме  идеи од нив во делот на подобрување на условите за урбано  живеење. Во рамки на тие посети произлегуваат идеи кои што понатака се преточуваат во проекти односно зафати на Локалната самоуправа претежно во делот на инфраструктурата, додаде градоначалникот Бакрачески.


Уредувањето и разубавувањето на Охрид во континуитет ќе продолжи и наредниов период.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 05.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©