Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГО ПРИМИ СЛОВАЧКИОТ АМБАСАДОР БЕЗАК
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари  работна средба со  амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак. На средбата се   разгледуваа можностите за соработка  меѓу Охрид и  словачкиот град Нитра на повеќе полиња , пред се во  културата , со оглед на тоа што овој град кој   е еден од најстарите и петти најголем во Словачка, исто како и Охрид изобилува со богата историја, култура и традиции. Во тој поглед беше истакнато дека  Нитра е потенцијалниот и прв  словачки град со кој Охрид би се збратимил а тоа би значело не само јакнење на културната соработка  меѓу двата града туку и заеднички настап  со проекти пред европските фондови , јакнење на локалната демократија  и соработка во сферата на спортот и медицината.

На барање на амбасадорот Безак, градоначалникот Бакрачески го запозна со затекнатата лоша финансиска состојба во  Општината  како и направените напори и превземените мерки  на новото локално раководство за санирање на долговите  и излегување од финансиската криза.

 На средбата, градоначалникот Бакрачески укажа дека  Охрид е идеално тло за развој на туризмот, земјоделството и лесната индустрија и дека во таа насока Општината со беспрекорната  владина поддршка  ги прави сите напори да привлече што е можно повеќе  странски инвеститори кои  битно ќе допринесат за економско заживување на Охрид.
Во тој поглед, градоначалникот Бакрачески го запозна својот гостин од Словачка  со заложбите на Локалната  околу отворањето на индустриската развојна зона “Мауцкер“, како и со успешните преговори   со  претставници од германски гигант кои би значеле развој на автомобилската индустрија во Охрид и отворање на голем број работни места. Притоа беше посочено дека  премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски неодамна најави    влегување на уште еден гигант од германската автомобилска индустрија во Охрид.
 Градоначалникот Бакрачески го запозна амбасадорот  Безак и со најавите  дека холандска и шпанска компанија за производство на храна ќе инвестира во Охрид како и со плановите   на Локалната самоуправа да се отворат два дистрибутивни откупни центри за производство и дистрибуција на овошје пред се охридска цреша и јаболко.

Амбасадорот на Република Словачка во Македонија,  со претставник од општина Охрид беше на прошетка низ стариот дел на градов, охридската чаршија и крајбрежјето со цел да ги долови убавините на Охрид кои го прават специфичен и препознатлив во цел свет.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 09.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©