Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОРАДИ ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ ТУРИСТИЧКА СО ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА, ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ОТСТРАНАТ ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА
Untitled Document

Од вечерва екипи ангажирани од Локалната самоуправа ќе започнат со обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација на потегот на Булевар „Туристичка“.

За поефикасно и непречено изведување на работите, Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги отстранат паркираните возила на Булеварот „Туристичка“, како би се избегнале и несакани оштетувања на возилата или присилно отстранување.

Обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе започне во 24 часот.

Освежувањето на хоризонталната сигнализација ќе придонесе за поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 26.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©