Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ САНИРААТ ЗАШТИТНИТЕ ОГРАДИ НА СПОРТСКИТЕ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА
Untitled Document

Градежно-оперативните  екипи нa  ЈП „Градски пазар“ деновиве  активно работат на санација на металните  заштитни  огради на детските и повеќенаменските спортски игралишта лоцирани на  различни делови во Охрид.

Деновиве се работеше на поставување и досредување  на новата заштитна мрежа на детското спортско игралиште на улица „Карпош Војвода“ ,а се постави и нова мрежа на детското спортско игралиште во населба „Христо Узунов“.
Екипи на оваа претпријатие работеа  и  на обновување на оштетената и насилно отстранета заштитна ограда  на кружната раскрсница на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“’.
Градежните активности на терен на ова јавно претпријатие доаѓаат по промената на неговиот статут  и проширувањето и дополнување на истиот  со нови дејности вклучувајќи одржување и санација на детски и повеќенаменски спортски игралишта како и одржување на вертикалната сообраќајна сигнализација на територијата на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 25.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©