Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ИЛИЈА СМИЧЕСКИ“ ВО СЕЛО ЛЕСКОЕЦ
Untitled Document

Попладнево започна асфалтирањето на улица „Илија Смически“ во село Лескоец во должина од 1 100 метри и ширина на коловозот од 3 до 4,5 метри.
Проектот за реконструкција на  оваа улица започна  пред две недели  а на асфалтирањето му претходеше  поставување на нова фекална канализација по должината  на патот и поставување на  нов тампон.
Асфалтирањето на улицата „Илија Смически “ќе се одвива  по фази во наредниве неколку денови.
Изведувач  на градежните активности е АД „Илинден“ од  Струга. Овој проект општина Охрид го реализира  со поддршка на Светска Банка.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 02.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©