Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ЕП ВО КОШАРКА ЗА ЖЕНИ
Untitled Document

Со триумф на кошаркарките од  Литванија над врсничките  од Белорусија   синоќа на терените при СРЦ „Билјанини извори“ заврши годинешното издание на   ЕП во кошарка за жени  до 16 години.

Во текот на неколку дневното  првенство,   20 кошаркарски екипи односно 400 кошаркарки  бесплатно ги користеа терените при СРЦ „Билјанини извори“ а општина Охрид на располагање ја стави преостанатата логистичка поддршка во насока на успешна реализација на  овој крупен меѓународен спортски настан. 

Синоќа учесничките на Европското Првенство ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

-Почитувани учесници на Европското првенство во кошарка за девојки до 16 години од Б-дивизијата, Ви честитам за спортската и фер борба, во која победува најдобриот и искрено Ви посакувам повторно да бидете наши гости како дел од некое идно големо натпреварување. На организаторите, претставниците на Европската и Македонската кошаркарска федерација, спортските работници и публиката им изразувам благодарност за беспрекорниот тек на ова натпреварување од европски ранг. Локалната самоуправа , цврсто е определена, со напорна работа и посветеност, да ја реализира стратегијата,  Охрид да стане центар на спортскиот туризам во регионот и да биде домаќин на меѓународни спортски манифестации.Ги имаме речиси сите потребни објекти во рамките на Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“ и продолжуваме да градиме. Наскоро започнува изградбата и на затворен пливачки базен и хотелски комплекс каде ќе може да се сместуваат спортистите. Со заокружување на постојните и планираните зафати, ќе  направиме овој центар, да биде атрактивно место  за одржување не само домашни, регионални, туку и центар за врвни натпревари за сите спортови во светски рамки.Не случајно, Охрид го нарекуваат „ Македонскиот дел од рајот„ . Тука на чудесен начин се споени природата и културно- историското наследство  и токму затоа е заштитен од УНЕСКО. Покрај напорните спортски активности, сигурно имавте малку време да ги видите и да ги почуствувате тие убавини, да се фотографирате и да понесете дел од оваа убавина, која постојано ќе Ве потсетува и ќе Ве тера да дојдете барем уште еднаш во Охрид- рече Јанев.

Организаторот на настанот беше Кошаркарската Федерација на Македонија со поддршка на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1283  пати
Објавено на: 24.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©