Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ХОЛАНДСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕЛЕГАЦИЈА
Untitled Document

Деновиве во официјална посета на Република Македонија престојува делегација од Комисијата за европски прашања на Холандскиот Парламент.

Делегацијата вчера оствари средба со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, на која беше разговарано за соработката помеѓу двете земји, посебно Охрид во делот на туризмот, економската соработка, предизвиците на локалната влст, стратешките приоритети и ангажирањето на локалната самоуправа во делот на аплицирање и остварувањето на европски проекти во рамките на Програмата на Европската Унија што ќе претставува директна придобивка на граѓаните на општина Охрид.

 Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов  ја прими Делегацијата од Комисијата за европски прашања на Холандскиот Парламент која планирано е да оствари средба и со Фатмир Бесими, заменик претседател на Владата на Р. Македонија, задолжен за европски прашања.

Во рамки на посетата се предвидени средби со претседателот на Собранието на Р. Македонија Трајко Велјаноски, членовите и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија Хајрула Мисини, членовите и претседателот на Националниот Совет за евроинтеграции Радмила Шеќеринска, членовите на Комисијата за европски прашања како и со членовите и претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1251  пати
Објавено на: 08.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©