Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВОДИ ОД ДОЛГОРОЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ОХРИД И ОХРИЃАНИ ПРИ ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ
Untitled Document

 Хотел од висока категорија  со пет ѕвезди ќе се гради  во Охрид . Фирма од Скопје на денешната јавна аукција ги купи зградите од поранешната детска болница   со  површина од 6 700 м2  за 11 000 денари по метар квадратен или вкупно за  1 милион и 200 илјади  евра .
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески позитивно ја оцени  продажбата на двете згради  кои достигнаа четири пати поголема продажна  цена од  почетната   и притоа  подвлече дека Локалната самоуправа  во ниту еден случај нема да дозволи  во Охрид да се купува атрактивно земјиште по секоја цена .

- Локалната самоуправа ќе се води исклучиво од долгорочните интереси на градот Охрид  и  неговите граѓани . Продажбата нема никогаш да се случи според тоа дали на градот Охрид му требаат пари или не доколку таа  не содејствува со она што претставува долгорочна стратегија и визија за развој на  Охрид. Атрактивното градежно земјиште ќе може да се продава во оној момент кога ние ја определуваме намената на тоа земјиште а која што намена треба да биде во интерес на идниот развој на градот, потенцира Бакрачески, кој  се осврна и на неодамнешната  продажба на градежната парцела во УЗ 1  со големина од 201 м2 и површина  за градење од 90,9м2.

- Купувач на парцелата е фирмата „Инвест Билдинг“ - Скопје. Продадени се 201 метар квадратен по цена од 51 000 денари  за метар квадратен односно  вкупно   за  10 милиони 251 илјада денари.  Според моите податоци таа е една од најголемите цени постигнати за продажба на градежно неизградено земјиште во Р. Македонија.  Оваа  продажба по горе наведената сума е   спротивна  односно  ги демантира   ставовите на некои од опозиционите советници во градскиот Совет  кои во изминатиов период  се обидуваа да ја изманипулираат јавноста дека таа парцела ќе биде продадена за само 20 евра . Реално ова земјиште е продадено за дури 40 пати поголема сума од онаа за која што тие зборуваа.   Притоа 80 % од приходите од продажбата  ќе бидат за  општина Охрид а 20 % за Р. Македонија, истакна градоначалникот Бакрачески.

Продажбата на  државно градежно земјиште во Охрид  кое не се реализира по секоја цена и е определено од долгорочната стратегија за развој на градов   позитивно   ќе се одрази во приходната стапка во структурата на буџетот на општина Охрид. Еден дел од добиените средства  може да се наменат  за враќање на  големите наследени долгови   на општина Охрид а дел за реализирање   на одредени проекти кои што се  предвидени во програмата за работа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1375  пати
Објавено на: 05.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©