Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ПРОГРАМАТА ЗА КУЛТУРА „КРЕАТИВНА ЕВРОПА“
Untitled Document

Во зградата на општина Охрид претставници од Министерството за култура на Р. Македонија одржаа инфосесија со цел да се информираат потенцијалните апликанти - корисници на програмата „Креативна Европа“ за претстојните повици за аплицирање. На средбата беа дадени подетални информации за самиот начин на аплицирање, критериумите на програмата, а беа презентирани и позитивни примери од правни лица кои успеале да искористат европски грантови за реализирање на своите проекти.

На средбата беше истакнато дека општините преку секторите за култура  се квалификувани да аплицираат   со свои проекти   до европските фондови од каде ќе добиваат средства за реализација.

Прочитано:  316  пати
Објавено на: 20.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©