Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОШТЕТЕНИ САДНИЦИ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА
Untitled Document

Утринава дежурните екипи на Ј.П. "Охридски Комуналец" забележаа повторно оштетување на садниците на патеката од мостот до "Горица". Овај пат непознати сторители извршиле оштетување на 8 од новите садници кои се од сортата "Каталпа", со корнење и кршење на истите од непознати причини. Претпријатието го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.

Повеќе...

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1374  пати
Објавено на: 29.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©