Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕДЕЛА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Untitled Document

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни Светскиот ден на животната средина втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.
Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже  на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.
Во текот на Неделата на животната средина предвидени се повеќе активности:

1. Ќе се реализира проектот „Цветни балкони - Цветен Охрид “
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Гоце Делчев“(десна страна) од пресекот со „Абас Емин“(втор чинар) до пресекот со „Ариф Мустафа“(десна страна) која оди до пресeкот со бул.„Туристичка“,делот од бул. „Туристичка“ од пресекот со „Ариф Мустафа“ до пресекот со „Абас Емин“(десна страна), како и улиците „Петар Поп Арсов“, „Илија Дуданоски“, „Ѓоре Ѓорѓиоски“, „Пере Тошев“, „Стив Наумов“, и „Пирин Планина“.
Акцијата ќе се реализира   05 јуни(среда) и 06 јуни(четврток) 2013г.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со цвеќе претходно ќе треба со документи за лична идентификација да се запишат на список во Општина Охрид-Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соба бр. 56 на 03(понеделник) и 04(вторник) 06.2013год. од 12-15часот.
Делењето на цвеќињата ќе се изврши во расадникот на ЈП Комуналец на  05 јуни (среда) и 6 јуни(четврток) 2013г. од 11 до 14 часот.Граѓаните од горе споменатите улици кои претходно се запишале на список во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

2. Акција за собирање на стара хартија во соработка со основните и средните  училишта од Охрид.
Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија,тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од  Охрид , кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 06 јуни (четврток) 2013г. од 8 до 15 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1243  пати
Објавено на: 02.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©