Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ЗАПРАШУВА ПРОТИВ КОМАРЦИ
Untitled Document

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  26.06.2018 год.(вторник)   екипите на Центар за јавно здравје Охрид  ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потек од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881: 230 231.

Прочитано:  382  пати
Објавено на: 22.06.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©