Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ ДОНИРАШЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ РЕГИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

Градоначалникот Бакрачески, денес ги посети пунктовите кои се поставени за собирање на помош за граѓаните од поплавените региони во Македонија.

- Денес, како и секогаш кога е најпотребно, општина Охрид зема активно учество во акциите за помош на настраданите во Република Македонија, како што тоа го правевме за настраданите од поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина. Денес дадовме свој личен придонес во донирање на вода и средства за лична хигиена но и извршивме координација со претседателот на Црвен крст – Охрид, Сашо Точко за што помасовно вклучување на охриѓани во акциите за помош, рече градоначалникот Бакрачески.

Општина Охрид ќе оддели финансиска помош за настраданите од поплавите во Република Македонија по што според акциониот план на Црвени крст на Македонија и Црвениот крст од Охрид средствата ќе бидат распределени онаму каде што е најнеопходно за настраданите.
Планирано е општина Охрид да им додели парични средства на граѓаните чии куќи настрадаа во поплавите, за да можат да ги санираат штетите кој што им настанаа од поплавите, со што нивните домови ќе ги оспособат за нормално живеење.

Собраните продукти и водата за пиење  во координација со Црвениот крст на Македонија ќе бидат дистрибуирани во погодените региони. Претседателот на Црвен крст – Охрид, Сашо Точко испрати апел до сите граѓани на Охрид да ги слушаат апелите бидејќи во различни моменти настраданите имаат различни потреби. Тој потенцира да не се носи облека, бидејќи на населението од погодените региони во моментов најпотребно им е вода за пиење и средства за лична хигиена. Оние што имаат можност може да донираат на отворените телефони за донација 070/075/077 143 400.

Извор: www.ohrid.gov.mk

1

Прочитано:  1370  пати
Објавено на: 09.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©