Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТУРНИР ВО БАСКЕТ „ 3 Х 3 “
Untitled Document

ЈП „ Билјанини извори“, по повод чествувањето на 7 - ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет „ 3 x 3 “.

Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можнос на сите „ баскетволџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците партии баскет.

Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 ( играч ) да пополнат апликација за учество и да уплатат котизација во висина од 3000 денари по екипа, на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид.

Екипата која учествува на овој турнир од  ЈП „ Билјанини извори “ добива поставување на бесплатна реклама ( името на спонзорот под кое настапува  - банер 3м. x 2м. во Спортската сала за време на одигрувањето на овој турнир.

Турнирот во баскет „ 3 x 3 “ ќе се игра во Октомври, секој викенд ( сабота и недела), а финалето е предвидено за 7 - ми Ноември.

Натпреварите ќе започнуваат во 19.00 часот. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда. Учесниците на турнирот ќе бидат потврдени во наредните денови.

Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши на  официјална страна biljaniniizvori.mk или facebook : ЈП „ Билјанини извори“ од 18.09  до 28.09.2018 година.

За најуспешните три екипи обезбедени се вредни парични награди од страна на главниот покровител на настанот Општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП „ Билјанини извори“  и собраните средства од котизацијата.

Ова е дефинитивно настан кој не смее да се пропушти !

Се гледаме на „ 3 x 3” во Спортската сала „ Билјанини извори“ .

Прочитано:  280  пати
Објавено на: 19.09.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©