Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШНА ПРИРЕДБА НА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
Untitled Document

Денес во ЈУ “Центар за култура Григор Прличев“, децата од детската градинка “Јасна Ристеска“ имаа завршна приредба, пред нивното започнување на училишното образование. Со детска игра, рецитали и интересна кореографија, најмладите се простија од досегашните воспитувачи, пред нивниот следен животен предизвик. Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска.

- Јавната Општинска Установа – детската градинка “Јасна Ристеска“, како исклучително важна институција во згрижувањето и воспитувањето на децата и учењето за базичните хуманитарни и етички принципи, денес со оваа завршна приредба, испраќа уште една генерација во училишните клупи, за што им упатувам искрена благодарност за вложениот труд на сите воспитувачи и вработени во оваа институција.
На родителите им посакувам многу љубов, трпение и такт, кога од септември нивните најмили ќе почнат со училишните обврски, а поддршката од тато и мама ќе им биде особено важна.
Можам да истакнам дека ние како локална самоуправа во изминатиов период посветивме големо внимание на подобрување на условите за работа во детската градинка “Јасна Ристеска“, а од другата страна имавме извонреден партнер во раководството и вработените во институцијата за завршување на многу проекти, со што создадовме оптимални услови за работа во подигањето и развојот на децата – истакна Коњановска.

Од оваа генерација на ЈОУДГ “Јасна Ристеска“ во училишните клупи ќе пристигнат 256 деца.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1400  пати
Објавено на: 07.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©