Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПИРАН ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денес  имаше протоколарна средба со претставници од  Советот на словенечкиот град Пиран. Гостите кои во Охрид престојуваат по повод  интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“ го изразија своето задоволство  од одличното претставување на словенечката култура на настанот што се одржува на сцената на Долни Сарај од 23 до 27 јуни.

На средбата се разговараше за сличните проблеми со кои се соочуваат градовите со старо јадро како што се Охрид и Пиран, а се разгледуваа и можностите за размена на ученици меѓу двата града.
Охрид е збратимен град со Пиран од 1981 година.

Прочитано:  463  пати
Објавено на: 26.06.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©