Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ВО ПОСЕТА НА КАЕН
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески е во посета на градот Каен
во Франција, каде се одбележуваат 70 години од десантот на сојузничките
сили на Нормандија или како што во историјата е популарно наречен ''Денот Д''.
 
Бакрачески на овој значаен настан е лично поканет од градоначалникот на
Каен Жоел Брунеау кој заедно со претседателот на Франција Франсоис
Холанде се домаќини на овој настан кога целиот свет се сеќава на
жртвите од битката за Нормандија и настанот кој е еден од најважните за
историјата на човештвото.

На настанот каде е присутен градоначалникот Бакрачески присуствуваат и
претседателот на САД , Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин,
германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Австрија Тони Абот,
премиерот на Канада Стефан Харпер , грчкиот претседател Карлос Папуљас
, претседателот на Италија  Џорџио Наполитано, Генералниот гувернер на
Нов Зеланд Сер Џери Матефараре , полскиот претседател Бронислав
Коморовски, претседателот на Чешка Милош Земан и претседателот на
Словачка Иван Гаспарович.

Од европските кралските династии , во Каен на одбележувањето присуствуваат:
Елизабета Втора - Кралица на Велика Британија и земјите на Комонвелтот
, Кралот на Белгија Филипе , данската Kралица Маргарета Втора , Кралот
на Холандија Вилијам Александар , Кралот на Норвешка Харалд Петти и
Големиот Војвода на Луксембург Хенри.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1306  пати
Објавено на: 05.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©