Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕТИРИНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА „ КАНЕО ФЕСТ“
Untitled Document

На  27 и 28 јуни ( сабота и недела) , на  летната сцена на Центарот за култура „ Григор Прличев“ , ќе се одржи фестивалот „ КАНЕО ФЕСТ“. На четиринаесеттото издание на фестивалот, кој веќе четири години  е под покровителство на телевизијата  „Морис“ , на фолк- вечерта ќе бидат изведени 22 новокомпонирани песни, а на поп вечерта  20 композиции.Концертите  на двете фестивалски вечери почнуваат во 21часот.
На денешната прес конференција, организаторите се заблагодарија за поддршката од општина Охрид и другите помагатели, кои овосможија успешно да продолжи континуитетот на оваа манифестација.

\


Композициите ќе ги оценува  публиката и стручно жири,составено од  професори по музика.На  двете фестивалски вечери ќе бидат доделени прва,втора,трета и гранд-при награда, како и награди  за  најдобар текст, аранжман , сценски настап и дебитант.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 26.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©