Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА ФУДБАЛСКАТА ШКОЛА НА ФК БАРСЕЛОНА
Untitled Document

Со задоволство ја информираме јавноста дека за прв  пат во спортската историја на град Охрид ќе имаме чест да бидеме домаќини на Кампот на школата за фудбал на Фудбалскиот клуб Барселона. 

Помогнати од општина Охрид, во духот на спортската афирмација на градот, со особено задоволство најавуваме дека Кампот ќе се одржува во периодот од 21 до 27 август на фудбалските терени на СРЦ Билјанини Извори. Активностите за време на одржување на Кампот ќе бидат под спортската палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона. 

Школата на Барселона е отворена за деца од 6- 16 години, кои ќе бидат поделени во две групи - од 6 - 10 год. и од 10 - 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат два пати на ден. 

Пријавувањето трае до 10.08.2017 год., сите заинтересирани можат да се пријават на mail : fcbescolaohrid@gmail.com

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1417  пати
Објавено на: 27.07.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©