Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ГО ПРЕВЗЕДЕ УПРАВУВАЊЕТО СО ПАРКИНГ ПРОСТОРИТЕ ВО ОХРИД
Untitled Document

По повод отпочнувањето со работа со јавниот паркинг простор во централното градско подрачје в.д. директорот на ЈП „Билјанини Извори“ и секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески дадоа изјави за превземањето на паркинзите од страна на јавното претпријатие.

 Станува збор за паркинг простор кој се протега на улиците ‘’Македонски Просветители’’од пресекот на ул.’’Булевар Туристичка’’ до крај заедно со кружниот тек на сообраќај. Паркинг простор кој се протега на дел од ул. ‘’Партизанска’’, од пресекот со ул. ‘’Мак. Просветители’’ до ул. ‘’Кузман Јосифоски Питу’’, од раскрсницата на оваа улица со ул. ‘’Партизанска’’, па се до пресекот со ул. ‘’Кеј Маршал Тито’’, заедно со паркинг Ривиера.Паркинг простор кој се протега на дел од ул. ‘’Кеј Маршал Тито’’, од пресекот со ул.’’Бул. Македонски Просветители’’, па се до излезниот терминал кај паркинг куќата на истата улица – истакна в.д. директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Иванчо Цветкоски

В.Д. директорот Цветкоски образложи дека паркирањето ќе се одвива во две зони, А и Б.

Во зона А е строгиот центар односи ул. Мак. Просветители и кружниот тек. Цената за паркирање во оваа зона ќе чини 40 денари во првиот час и исто толку во вториот час, а за секој нареден час ќе се плаќа 30 денари.

Паркирањето во зона Б ќе чини 30 денари во првиот и исто толку во вториот час, а за секој нареде час ќе се плаќа по 20 денари.

Со превземањето на управување на паркинг просторот во Охрид се дава директна поддршка и помош јавното претпријатие да излезе од тешката состојба во која се наоѓа. Всушност една од основните дејности на јавното претпријатие е токму управувањето со паркинг просторот на територијата на општина Охрид. Уверени сме дека правилното менаџирање ќе донесе можност за унапредување на дејноста и самото претпријатие да биде способно да одговори на финансиските обврски кои ги има – рече секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.

 Општината ќе биде секогаш спремна, во рамките на своите законски надлежности, да им помогне на јавните претпријатија и заедно со нивните менаџерски тимови да работат за доброто на Охрид и охриѓани.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1256  пати
Објавено на: 24.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©